Меѓу кафе скриени 580 куршуми во автобус на Дурмо турс – Царина за заплената

Случајот за кој информиравме, е потврден и од Царинската управа, која информира дека мобилен тим при Одделението за оперативни работи откри 580 парчиња куршуми при контрола на автобус на „Дурмо Турс“ од Гостивар. Автобусот е сопрен на граничен премин Табановце. Муницијата е трајно одземена, а задржан е и автобусот каде е откриена муницијата.

-Досега против двајца осомничени кои беа лишени од слобода, Одделението за истраги поднесе кривична пријава до ОЈО Куманово, а истрагата е проширена и кон други лица. Делото е откриено на 26-ти месецов, кога мобилен царински тим поради сомневање го застанал автобусот на Дурмо Турс кој сообраќал на релација Италија – Македонија на контрола. Притоа мобилните царински инспектори увиделе оштетувања на надворешниот дел од вентилацијата на автобусот, при што во внатрешниот дел од вентилацискиот простор помеѓу 50 пакувања кафе пронашле кутија со вкупно 580 парчиња куршуми од кои најголем дел се со 9 мм калибар, се вели во информацијата на Царинската управа.

Обвинителството соопшти дека истрагата продолжува и меѓу други, потенцијално инволвирани лица.

.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ