Меџити нема информации дали бил прислушуван од АНБ

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, како и кандидат на ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити денеска во изјава за медиумите истакна дека нема информации дали и тој бил прислушуван од страна на Агенцијата за национална безбедност.

– Немам информации. Не сум се занимавал со оваа информација, рече Меџити одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета во населбата Гази Баба.

Вицепремиерот соопшти и дека се лишени од слобода навивачите кои вчера нападнале ученици во Тетово.

-Веќе се преземени мерки и бев во постојан контакт со органите за спроведување на редот. Тие се лишени од слобода. Ги осудувам овие случаи. Малку е чудно што секој пат за време на изборните кампањи од изборните циклуси се случуваат вакви случаи. Апелирам сите да бидат на ниво на одговорност. Ги осудуваме како дела и ќе има строг одговор од државата, какви и да се ваквите случаи што ја нарушуваат слободата на граѓаните, рече Меџити.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ