Изјавите на новата бугарска министерка за надворешни работи Велислава Петрова која порача дека патот на Македонија кон Европската Унија оди преку спроведување на преземените обврски, го коментираше премиерот Христијан Мицкоски, кој потсети дека добороседските односи се двонасочна улица, додека Бугарија има историја на непочитување на потпишани договори. Додека Македонија се соочува, како што рече Мицкоски со „уцена и булинг“, и не види испорака од нивната страна „ние нема да се поместиме ниту милиметар“.
-Мене ме загрижува почетокот на новата влада кај нашиот источен сосед, но се надевам дека со текот на времето рациото и разумот ќе преовладее. Јас сум свесен дека имаат многу внатрешни проблеми. Гледам дека изгледа ќе бидат првата држава којашто ќе добие мерки од страна на Европската централна банка, бидејќи ги фалсификувале и ги лажирале извештаите за буџетскиот дефицит. Имаат големи проблеми со инфлацијата, со економијата генерално, па можеби сега бараат нова тема. А најдобра тема е радикализирани ставови кога станува збор за македонското прашање. Но ние сме трпеливи, ќе работиме и ќе победиме како многу пати што сме победувале во историјата“, рече Мицкоски.
Министерката Петрова претходно во изјава кажа дека условот е ист од 2022 -ра година и дека е тоа услов од европски договор. Наместо, како што рече Петрова, да ги влошува односите со Бугарија, нејзините очекувања се Македонија да го искористат „отворениот прозорец“ за проширување на ЕУ.







