Изет Меџити да не го држи народот во заложништво поради своите лични грешки и веднаш да поднесе оставка бара ДУИ во денешното соопштение, во кое тврди дека „веродостојни извори потврдуваат дека премиерот Христијан Мицкоски го држи Меџити под целосна контрола преку судска досие од 320 страници“. Ова досие, според ДУИ, документира флагрантни прекршувања на законот во областа на нелегалната градба во Чаир, прекршувања кои предизвикале директна штета на општинскиот буџет во износ од 72 милиони евра.
-Оваа ситуација не е само правен скандал, таа е политички скандал од прв ред. Фактите јасно покажуваат дека обвинителното досие не се користи како инструмент на правдата, туку како лост за притисок врз градоначалникот на општина Чаир. Меџити, опкружен со овој Дамоклов меч, продолжува да ја задржи својата позиција, ставајќи го личниот интерес над интересот на албанскиот народ и граѓаните на Чаир“, реагираат од ДУИ.
Фото: ФБ





