Младите во Македонија сакаат да станат инфлуенсери, додека во Канада општеството произведува продуктивни луѓе – Колемишевски во „Стадион“

Кирил Колемишевски, поранешниот заменик министер за економија, познат на јавноста и како дел од групата Нокаут, последните години живее во Канада и од тој аспект зборуваше и за приликите во македонското општество. Направи споредба меѓу двете општества во контекст на вредностите кои се прифаќаат од современите генерации.

Колемишевски вели дека денешните млади во Македонија сакаат да бидат инфлуенсери, јутубери, отвораат подкасти на сите страни, додека во Канада целото општество е фокусирано да произведува продуктивни луѓе.

-Во Канада се вложува во образованието. Универзитетот на Канада е на 23 место во светот, Монтреал е 53-ти или 54-ти, а сите факултети во Македонија не се ни во топ 1000. Сите основни училишта во Канада се со тениски, фудбалски терени. Фокусот е насочен кон тоа како децата да ги направат добри луѓе, да бидат воспитани, да не пцујат, да не фрлаат ѓубре, да не ги малтретираат послабите , да им помагаат. Во Македонија ова што се случува е најмногу од домашното воспитување и некултура – нема полиција што може да помогне тоа да се надмине. Ништо не може да го надомести домашното воспитување, рече Колемишевски.

Според него, треба да се почне од прво одделение – да се почне со бонтон, со етика, или како што кажа Колемишевски „не со формули и ранец од 50 килограми“.

-Гледаме на улица пензионери кои преминуваат насекаде. Тие треба да бидат пример. Гледаме како 50% фрлаат ѓубре, службите можат да исчистат 10% – сами сме си виновни, не се виновни службите, смета Колемишевски.

Од аспект на поранешен заменик министер за економија, Кирил Колемишевски вели дека прогресивниот данок е тој што може да ја придвижи државата. Во Канада се плаќа од 13-66% данок.

-На овој данок што плаќаме толку може да имаме. Затоа не сум во политиката, затоа што имаме имаме различни ставови за таа левичарска политика, кажа Колемишевски.

Емисијата е во тек, може да се слуша на радио и на интернет (https://radio.kanal77.mk/#samohitovi) и на Youtube

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ