Момче(18) се заканувало со бомби и убиства во школо во Тетово, полицијата го уапсила

Фото: МВР

Лишен од слобода 18-годишник од тетовско кој испраќал закани дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во тетовско средно училиште

-Вчеравечер (12/13.03.2026) во СВР Тетово, неколку професори од Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово, пријавија дека добиле информации од родители на ученици, дека М.Р. праќал пораки до учениците односно се заканувал оти ќе постави бомби и ќе изврши убиства во училиштето. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициски службеници од СВР Тетово и по добиена судска наредба, извршен е претрес во с.Палатица, тетовско, во дом и помошни простории на Р.Р. (49). При претресот биле пронајдени повеќе предмети на неговиот син М.Р.(18), за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. М.Р. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР .

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ