Монах скокнал од возило на брза помош, се повредил и пак го вратиле во возилото и однеле во болница

Монах, кој не се чувствувал добро и бил преземен од возило на брзата помош, за време на транспортот од Урануполи на Халкидики кон болницата во Полигирос скокнал од возилото, паднал и се повредил – објави грчката државна телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина.

Инцидентот се случил вчера кога 48-годишниот монах, српски државјанин, од засега непознати причини го одврзал појасот и скокнал од амбулантното возило додека било во движење, при што добил повреда на главата, потоа бил вратен во брзата помош и пренесен во болницата во Полигирос.

Во возилото, како што објави ЕРТ, имало спасувач и возач, кои веднаш го запреле возилото, но и биле приведени под сомнение за нанесување телесна повреда од небрежност, но подоцна биле пуштени на слобода.

Повредениот монах бил хоспитализиран и приклучен на апарати, а подоцна од Халкидик и префрлен во болница во Солун. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ