МОН: Никој во образованието не е заборавен

Министерството за образование и наука излезе со реакција на соопштението на Независниот синдикат за образование и наука дека техничкиот персонал во образованието не ги добил ветените 7,5% покачување на платата:

„Над 20 проценти се зголемија платите на наставниот кадар и стручниот персонал во основните и средните училишта, досега во мандатот на оваа Влада, за година и половина. Зголемување има и на платите на техничкиот персонал. За нив покачувањето е идентично како и за наставниот и стручниот кадар, со тоа што се реализира и по колективен договор и спогодби со СОНК (најголемиот процент на покачувањето), а во еден дел се усогласуваат со минималната, согласно последното покачување. Доколку им се зголемуваат платите најпрво по Закон за минимална плата, а потоа и по колективен договор и спогодба, тогаш тоа би значело не еднаков третман во споредба со наставниот и стручниот кадар.

Никој во образованието не е заборавен и сите добиваат покачување на платата. Водиме грижа подеднаква за сите вработени во училиштата, бидејќи сите тие се дел од воспитно – образовниот процес и сите се важни. И важно е што веќе никој не добива плата под минималната, како што тоа беше случај во минатото.“ – стои во реакцијата.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ