„Мојот живот е мозаик од нашите спомени“ – сеќавање на Александар Коларов

Александар Коларов, меѓу штипјани познат како Цеата, е гитаристот на ДНК, кој го загуби животот во трагичниот пожар во дискотеката Пулс на 16-ти март.

Неговата сопруга Маја постојано објавува спомени од својот Александар, кој беше исклучителен музичар и човек со неверојатна енергија, која денес со неговото препрано заминување, на многумина им фали:

„Најнасмеаниот човек беше Ти. А сега јас, како? Кажи ми како да бидам без тебе кога ми требаш, кога ми требаш…   Без тебе, немам север, немам југ…Ова моето срце знае сѐ, не можам ни ден јас без тебе… Животе, кажи ми да знам зошто морам сама вака јас да живеам… Животе, кажи ми да знам зошто морам сама нови врати јас да отворам? Животе, кажи ми да знам зошто морам сама вака јас да живеам?…

А, вака живеевте, вака и заминавте. Заедно. Молк е во нашите души, мелодијата на животот отиде во вечноста. Чувајте се двајцата таму, горе, чувајте нè нас овде. Ангели на земјата, ангели и на небото. Чувајте местенце за нас на концертите горе. Еден ден пак ќе бидеме заедно. Срце полно рани, рани, во душа празни страници, непишани романи.

Секоја ноќ те чекав да се вратиш од свирка. И секогаш се враќаше. Те чекам и сега… Секогаш ќе те чекам… Чекај ме и ти сега…

Си замина со музика. Петокот со ФИС-бенд, саботата со ДНК. Секогаш скромен и во сенка, но славно замина. Никогаш нема да ја заборавам нашата фраза „Таму кај што се љубиме, никогаш не е мрак“. Зашто Ти си единствената светлина што никогаш нема да згасне. Небото победи, ние загубивме. Единствено таму си достоен за сè што кротко и скромно правеше овде.  Замина со химната на животот и ја однесе во вечноста. Развлечи ја небесната насмевка и дај ни надеж како да продолжиме без тебе. Ти ни ја остави најубавата мелодија на животот – твојата насмевка. Љубов си!!“ – напиша Маја.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ