Мртво новороденче однесено во штипската клиничка болница

На 15.05.2026 во 04:24 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив било донесено мртво новороденче, кое неговата мајка Ѓ.У.(35) од с.Конче, радовишко, го родила во домот. Лекар констатирал смрт, а мајката била сместена на Одделението за гинекологија во Клиничка болница Штип. Полициски службеници излегле на местото и бил извршен разговор со нејзиниот сопруг К.У.(33) од с.Конче, при што било утврдено дека околу 02:00 часот Ѓ.У. добила породилни болки и се породила во дворот. Констатирана е смрт од страна на лекар. Запознаен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ