Муамет Хоџа министер за животна средина, Беким Сали за европски прашања

Собранието на Република Северна Македонија информира дека до законодавниот дом се доставени предлозите од Владата на Република Северна Македонија за избор на министри.

-Владата ги предложи: Муамет Хоџа за министер кој ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање, Беким Сали , за министер кој ќе раководи со Министерството за европски прашања. Согласно Деловникот на Собранието, предлозите ќе бидат распределени на понатамошна постапка. За денот на одржувањето на седницата на која ќе бидат разгледани и ставени на гласање, Собранието ќе ја информира јавноста дополнително, информираат од Собрание.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ