Надежта последна умира- Премиера на „Страв и надеж“ во МНТ

На задоволство на љуботелите н театарот утре вечер во МНТ ќ се одржи премиерата на претставата „Страв и надеж“ од германскиот драмски автор Франц Ксавер-Крец, во режија на Татјана Мандиќ-Ригонат од Белград. Во претстазвата игра елитата на македонскот глумиште, како  Александар Микиќ, Тања Кочовска, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Сашка Димитровска, Сашко Коцев, Дарја Ризова, Наталија Теодосиевска, Дамјан Цветановски и Нела Павловска.

Претставата е за сите нас, за луѓето со секојдневните проблеми.

-Во претставата има црн хумор. Зборува за човекот, осамениот поединец или брачната двојка, или некој кој би сакал да биде сакан, или некој кој веќе сака, но во таа љубов влегува криза поради стравот од отпуштање, губење на работата,“, рече режисерката Мандиќ-Ригонат на прес-конференцијата.

Тања Кочовска, која присуствуваше на пресот рече:

-Јас во претставата играм во две сцени. Едната сцена е со Тони Михајловски, втората ми е со Микиќ во која играме пензионери. Веќе сме пред пензија и немаше што да играме друго, рече Тања.

Сшко Коцев ја објасни својата улога.

„Во претставата играм во неколку сцени и секоја од нив е приказна за себе. Тоа се луѓе што ги гледаме на улица, луѓе што ги среќаваме во продавница, наши соседи. Луѓе кои се борат со сопствените демони, со стравот за егзистенција, со неможноста да се остварат во овој суров систем во којшто живееме. Како што кажа и режисерката, ова не е само приказна за Германија, ова е приказна за сите нас“, рече Сашко Коцев.

Директорот на МНТ Никола Кимовски рече дека му е чест што работи со Мандиќ-Ригонат и се надева оти оваа не е нивна последба соработка.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ