Назначена е нова амбасадорка на Обединетото Кралство во Македонија

Британскиот Форин офис ја назначи Маја Сивагнанам за нов амбасадор во Македонија, наследувајќи го Метју Лосон, кој на оваа функција е од 2022 година. Со тоа, Обединетото Кралство ја има својата втора амбасадорка, по Рејчел Галовеј во нашата земја. Како што е најавено, новата амбасадорка Сивагнанам ќе ја преземе својата должност во текот на август 2026 година.

Маја Сивагнанам е професионален дипломат со 25-годишно искуство. Иако работела на неколку дипломатски позиции, ова е нејзина прва служба како највисок дипломатски претставник во една земја.

Во својата биографија, новата британска амбасадорка во Македонија наведува дека работела во Британската амбасада во Анкара, Турција, а била и заменик-директор на Самитот на Европската политичка заедница, кој се одржа лани во Лондон. Сиванганам била и заменик-директор, Оддел за регион на Јужна Азија, раководител на оддел за Северна Европа, прв секретар на Постојаното претставништво на Обединетото Кралство во ЕУ.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ