Најмногу дожд во Маврово (30 l/m2), Лазарополе и Крива Паланка

Фото: Фрипик

Со интензивни врнежи од дожд изминатото деноноќие е зафатена речиси целата држава, при што најмногу врнежи, УХМР измерени во Маврови Анови – 30 l/m2 27 Лазарополе, 23 Крива Паланка, 15 Охрид, 14 Штип, Крушево, 13 Скопје-Петровец, Виница, 12 Скопје-Зајчев Рид, Претор, Куманово, 10 Прилеп, 9 Тетово, 8 Кавадарци, Попова Шапка, 5 Демир Капија, 4 Битола, 1 Гевгелија.

Денеска не’ очекува променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 l/m²), електрични празнења, силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 29 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде до 27 степени.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ