На поранешни членови на Управниот одбор на ТЕЦ Неготино, по статусната промена и соединување на ова друштво кон АД ЕСМ-Скопје, им престанале функциите но успеале да засноваат работен однос без распишан оглас во ЕСМ, што било незаконски.
Овие луѓе се повикале на менаџерскиот договор, кој предвидувал или враќање на претходното работно место или да изберат дали ќе останат во ЕСМ. Не само што незаконски се вработиле, туку на овие лица им е исплатена апанажа во висина од целосни 12 плати што претставуваат дополнителни приходи на редовната плата која ја добивале. Тоа значи дека како вработени во АД добивале редовна месечна плата и плус една плата, согласно менаџерските договори.
Антикорупциска одлучи на денешната седница да го достави случајот до Јавното обвинителство.
-По разгледување на документацијата, ДКСК утврди дека наводите се потврдуваат и согласно законот за спречување на корупција и судир на интереси, против пријавените лица ќе иницира постапка до надлежен орган, реферираше членот на Комисијата, Сервет Демири.
Овие членови барале и еднократна исплата на предвидените пари, за што бил склучен и Анекс на договорот.
Врз основа на барањата, ЕСМ во два наврати им изплати нето износ на нивните трансакциски сметки 1.265.707 денари. На тој начин, членовите примале и месечна плата и надомест, со што има соменавање на незаконско користење на јавните пари.






