Утрово во ГАК беше посетено првото дете, кое се роди ноќеска на полноќ и е првото бебе во 2026 година.
-Точно на полноќ на ГАК се роди Евгенија, женско дете, кое е симбол за плодност и е трето родено дете во семејството. Стимул за многу семејства, домот кој е исполнет со многу дечиња е најсветлиот, најтоплиот дом. Им блгодарам на семејството Камчеви што се пример и што се погоди да биде тоа прво дете кај нас и се надевам дека ќе охрабрат многу да имаат многудетно семејство. Евгенија се роди со царски рез, која и претходните две дечињ мајката го родила со царски. Секогаш кај родилка која имала царски, наредното раѓање според протоколи е со царски рез. Тешка е 2.800 грама, а 48 сантиметри. Мајката се вика Емилија и има 38 години, рече Ирена Алексиеска Папестиев, директорката на ГАК.
Министерот, Азир Алиу рече дека три женски деца се родени ноќеска во Скопје.
-Имаме три новорденчиња, девојчиња во новата година, едно на ГАК и близначки во Чаир. Во нашата традиција тоа значи благослов, што значи оваа година ќе имаме благослов. Посакувам да имаат здрав живот, благосостојба и да ивеат во држава која ќе инвестира во здравството, рече министерот.
Градоначалникот на Скопје на првороденото бебе му даде подароци.
-Оваа година подароци ќе однесеме за сите три бебиња, рече Ѓорѓиевски.
Во посета на бебето беше и Розе Мицкоска, сопруга на премиерот.







