На преминот Стење фатен патник со златен накит вреден 346 илјади денари

На граничниот премин Стење со Албанија, царинските службеници во соработка со гранична полиција спречија обид за криумчарење на златен накит со вкупна вредност од 346 илјади денари. Против сторителот до надлежното Јавно обвинителство, поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело – криумчарење, казниво по Кривичниот законик, информираат од Царинската управа (ЦУ).

Сторителот, македонски државјанин, како што велат, се обидел нелегално да ја внесе стоката, без да ја пријави кај надлежниот царински орган.

-Поради сомневање, царинските службеници извршиле детална контрола на возилото со кое патувал, при што во куферот, меѓу личните предмети, биле пронајдени пет златни белегзии спакувани во кутии за накит, соопшти ЦУ.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ