Невремето во делови од Македонија носеше покриви и дрвја

Силниот ветер следен со дожд во Скопје делови од градот остави без електрична енергија, однесе покриви од згради во Чаир, во Ѓорче Петров, на булеварот Партизански одреди во близина на бензинската пумпа на Окта, како и паднати дрвја, гранки од дрвја и контејнери. 

Предизвикани се и два пожари. Според информациите од Центарот за управување со кризи има два пожари на Скопска Црна Гора меѓу селата Црешево и Брњарци и меѓу селата Крушопек и Лока, но и на други места.

Околу 16 часот во непосредна близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје настана пожар, при што и покрај неповолните временски услови, од страна на полициски службеници ангажирани за физичко обезбедување на меѓународниот ракометен турнир заедно со екипа од противпожарна заштита, преземени се мерки и активности со цел спречување на ширење на истиот и зафаќање на моторни возила и објекти како и лизгалиштето што е во склоп на спортскиот центар. 

Исто така безбедно е направена евакуација на учесниците на турнирот и сите други спортски работници и публика.Како последица на настанатиот пожар девет полициски службеници се на кислородна поддршка на Одделот за токсикологија поради вдишување на чад и се во стабилна состојба.

Според информацијата од Автомото сојузот на Македонија во 16.10 часот поради паднати дрвја на патот, прекинат е сообраќајот на патниот правец ГП Mеџитлија-Битола.

Сообраќајот на патот Битола-Меџитлија во 18:50 часот е нормализиран, информираше АМСМ.

Албанските медиуми јавуваат дека поради силна бура во Северна Македонија, туристички ферибот што сообраќал од Свети Наум до Охрид бил принуден да премине во албанските територијални води.

Граничните власти во Поградец тврдеа дека фериботот преминал во албанскиот дел од Охридското Езеро поради силни бури и бранови. Фериботот пловел неколку минути во албанските води, каде што бурата не била силна, и се очекува да се врати во македонските води.

Фото: МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ