Нежни и храбри! Доделени наградите на 30 најуспешни жени менаџери

Агенција „Марили“ јубилејно по 30-ти пат вчера вечерта ги награди најуспешните жени менаџери за долгогодишно, континуирано, успешно менаџирање и траен придонес кон македонската економија. Сите менаџерки се препорачани од нивните деловни колеги и партнери за нивното извонредно менаџирање и професионалност, а лауреатките се избрани по неколку критериуми, меѓу кои успешно менаџирање најмалку 10 години во приватен сектор, успешна компанија во континуитет од целата држава и од различни дејности и сектори.

Лауреатки добија награда – статуетка „Жена водилка“ излеана во бронза, авторско дело на академскиот вајар, проф. д-р Никола Смилков.

Манифестацијата години наназад претставува јакнење на женското менаџерство претприемашво и лидерство и дава општествен придонес во јакнењето на родовата рамноправност и принципот „еднакви можности за сите“.

Погледнете ја галеријата на нашиот фоторепортер Внгел Тануровски од вчерашното додделување на наградите во хотелот „Хилтон“ во Скопје:

Ова се лауратите:

1. Даниела Адемоска – Сопственичка и извршна директорка, DoubleTree by Hilton, Скопје
2. М-р Јаглика Јорданова Андријеска – Управувачки партнер, „РСМ МАКЕДОНИЈА“, Скопје
3. Александра Шкемби Антовска – Генерална директорка, „СИГАЛ ЛАЈФ ИНШУРЕНС ГРУП“ Македонија
4. Филомена Пљаковска Аспровска, главна извршна директорка, „Интернационален Картичен Систем АД Скопје“ – CASYS
5. Наташа Паунова Блажевска, сопственичка и генерална менаџерка, „Л&Н&Т Диагностик“ ДОО, Скопје
6. М-р Ѓулај Салиевска – Гештаковска, управителка и генерална менаџерка, „Кондево МК ДООЕЛ“ Штип
7. Д-р Жанина Петрова – Грајиќ, хирург, офталмолог, косопственичка и менаџерка, ПЗУ Центар за очи „Визиа“, Скопје
8. Мелита Гугуловска, генерална директорка, САВА Осигурување А.Д. Скопје

9. Д-р Горица Дачевска, дерматовенеролог, сопственичка и генерална менаџерка ПЗУ „Др. Горица“, Скопје
10. Доц. д-р Тања Дејаноска – претседателка на Комората на приватно здравство на Македонија, сопственичка и генерална менаџерка на Dental International – Prof. dr. Dejanoski, Скопје

11. М-р Дафинка Ивановска, адвокатка, Рубинов директор во „тианДе“ и извршна менаџерка во „Ревитал Козметикс“, Скопје
12. М-р Ирена Јакимова, сопственичка и менаџерка во „Инспирит Коучинг“, Скопје
13. Д-р Јелисавета Георгиева – Јовевска, потпретседателка на „Стопанска комора на Северна Македонија“

14. М-р Ангела Јолакоска, косопственичка и генерална менаџерка во „АСП Консалтинг“, Охрид и финансов менаџер во „АСП ПАК“ Охрид
15. Билјана Караманолевска, сопственичка и генерална менаџерка, „Светот на Колорес“, Скопје
16. Ленче Карпузовска, менаџерка во Оддел за комуникации, „ЕВН Македонија“
17. М-р Марија Костуранова, сопственичка и генерална менаџерка, „Диоптра Оптикс“, Скопје
18. Биљана Мишиќ, извршна директорка, ИУТЕ Македонија
19. Васка Мојсовска, сопственичка и генерална менаџерка „Агро Калем“, Тимјаник, Неготино
20. Елена Пандева, сопственичка и генерална менаџерка „ЕЛЕНА ЛУКА ГРУПAЦИЈА“, Скопје
21. М-р Марија Патриклиска, Менаџер во Оддел за човечки ресурси, „ЕАМ“ ДОО, Штип
22. Даниела Перканоска, сопственичка и генерелна менаџерка, „Авто Контрол – Сервис“ Прилеп

23. Анета Антова Пешева, почесен конзул на Канада во Македонија, сопственичка и генерална менаџерка, Групација на компании „Ултра-Унет“, Скопје
24. Весна Ставрова, Претседателка на Фармацевтската комора, сопственичка и генерална менаџерка, ПЗУ Аптека „Сара фарм“, Скопје
25. М-р Татјана Стерјева, спец. фармацевт, сопственичка и генерална менаџерка, „ЕУРОФАРМ“ , Битола
26. Д-р Василка Салевска – Трајкова, менаџер за корпоративни прашања, Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп, Д.О.О. Скопје
27. Викторија Шотароска Трајкова, генерална директорка на П.И.К.Ко Македонија
28. Елида Трајковска, косопственичка и генерална менаџерка „Хауз Мајстор Фасилити“, Скопје
29. М-р Златица Цивкароски – член на Управен одбор,Шпаркасе Банка АД Скопје
30. М-р Ксенија Чаминска, сопственичка и генерална менаџерка, „Професионал Акаунт“, Скопје.

Фото: Вангел Тануровски

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ