Претседтаелот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес конференција даде образложение зошто Петре Шилегов е исклучен од партијата.
Тој рече:
– Станува збор за процес на одработување за ВМРО ДПМНЕ и за внатрешна поделба на партијата. После проверки на информации стасавме до тој заклучок. Одлуката на ИО е донесена со концензус.. Никој не гласаше против. Јас нема да дозволам луѓе да ја делат СДСМ и понатаму, бидејќи имаме работа со криминална власт, која не може да го спречи падот на анкетите и единствено нешто што може да направат е да ја делат партијата од внатре. И така да не ситнат за да владеат така како што сакаат. Ние тоа нема да го дозволиме. Таква поделба се случи во 2021 година, во 2024 година со силна националнистичка и лажна кампања, а во 2025 година самиот Шилегов кажа дека не работел за СДСМ. Има и други такви. Ме прашувате на што се должат резултатите. Еве тој ви кажа на што се должат резултатите. Јас тоа повеќе не го дозволувам. Имаме сериозна задача, се бориме за опстанокот и европската иднина на државата. нема да дозволам ВМРО ДПМНЕ преку разни поединци да ја дели СДСМ, рече Филипче и додаде:
-Оваа партија има легитимно избрани органи и тела. со ова приказната за Петре Шилегов заврши, рече тој на крајот.






