Несовесен возач за малку ќе удрел во возило на Брза помош и побегнал, при нагло кочење повредени докторка и сестра

Несовесен возач за малку ќе удрел во возило на Брза помош, но при нагло кочење повредени се докторката и сестрата.

-На 19.11.2025 околу 12:01 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„11 Октомври” и бул.„Кочо Рацин” во Скопје, медицинско возило „рено трафик” со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватна здравствена установа, управувано од Ж.А.(55) од Скопје нагло запрело при обид да избегне судир со друго возило, кое го напуштило местото. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила А.М.(26) од Скопје, лекар од установата, додека со телесни повреди се здобила А.Р.(41) од Скопје, исто така, вработена во установата, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”. Во медицинското возило се превезувал и Ј.Т.(89) од Скопје, кој бил со здравствени проблеми и откако бил пренесен во  Градската општа болница „Св.Наум Охридски” лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ