Нетанјаху: Борбата против антисемитизмот е битка за иднината на цивилизацијата

Фото: МИА

Борбата против антисемитизмот е глобална битка за иднината на цивилизацијата, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на церемонијата на отворањето на Меѓународната конференција за борба против антисемитизмот.

„Расизмот постоел низ историјата. Тоа не е антисемитизам“, им рече Нетанјаху на учесниците во Меѓународниот конгресен центар во Ерусалим, објави „Тајмс оф Израел“.

Тој додаде дека антисемитизмот започнал како верување пред 2.500 години, 500 години пред раѓањето на христијанството, со идеолошки напад врз Евреите што се променил низ вековите.

Претходно вчера, Нетанјаху го поздрави враќањето на телото на Ран Гвили, последниот заложник држен во Газа.

„Рековме дека ќе го вратиме“, рече Нетанјаху, додавајќи дека Гвили е херој на Израел.

Израелскиот премиер посочи дека во Газа повеќе нема заложници и дека ова е огромно достигнување за „израелските херојски сили, војници и команданти“.

Обраќајќи се кон младите Евреи кои се соочуваат со непријателство во странство, Нетанјаху повика на пркос.

„Не плашете се. Зборувајте, станете. Возвратете“, рече тој.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА