„Не влегувајте во Ормуската Теснина“ – Иран го предупреди САД

Фото: Гугл мап

Обединетата команда на вооружените сили на Иран упати предупредување до Морнарицата на САД да не влегува во Ормуската Теснина, во соопштение објавено од државните медиуми во земјата.

Предупредувањето доаѓа како реакција на операцијата најавена од САД за ослободување на бродовите кои се блокирани во теснецот.

„Повеќепати изјавувавме дека безбедноста на Ормуската Теснина е во наши раце и дека безбедното поминување на пловилата мора да биде координирано со вооружените сили на Иран“, се вели во иранското соопштение.  МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ