Ќе му се посреќи ли конечно на фудбалскиот клуб „Брегалница 2008“ АД-Штип? По неуспешниот обид овој клуб да го купи Турчинот Шамил Шен, кој никогаш не ги уплатил парите, „Брегалница“ има нова надеж. Овој пат тоа е Германецот Петер Франк , сопственик на клубови од втора и трета лига во Германија.
Според неофицијални информации Франк бил заинтресиран за младинските школи , веќе неколку пати и бил спонзор на „Брегалница“, а врската за бизнисот бил ффуддбалер од Штип, кој играл во негов клуб.
Според информции на Канал 77, условот бил „Брегалница“ да влезе во Прва лига, што и се случи во неделата по победата над Башкими, а тој на фудбалерите им ветил и по 2.000 евра премија доколку влезат во Прва лига.
Информациите велат дека Франк ќе купи 51 процент од акциите на клубот, а дека работата е сериозна покажува и фактот дека денес на седница на Општина Штип ќе се одлучува за продажба на акциите на клубот. Предлог – Одлука за започнување на постапката за продажба на дел од акциите на друштвото за спортски дејности фудбалски клуб „Брегалница 2008“ АД-Штип ставена како втор точка на дневен ред.
ФК „Брегалница 2008“ АД-Штип веќе еднаш беше продадена на Турчинот Мурат,кој никогаш не го презеде клубот, ниту пак уплати пари.
Вкупно 6 милиони денари од општинскиот Буџет Советот на Општината Штип се одобри за ФК Брегалница 2008 АД, откако промовираниот купувач на 85 отсто од акциите, турскиот стопанственик Мурат Шамил Шен се откажа од клубот.
Шамил Шен се појавил само еднаш во Штип на прес конференцијаталани во јули кога беше објавена продажбата на мнозинските акции во клубот.




