Новите газди на станови од Балканот под лупата на грчките власти  

На Халкидики во Грција,  има сè повеќе странци, особено од Балканот, главно Бугарија, Македонија, Србија, Романија,  но и од Израел, кои купуваат недвижности и започнуваат бизниси.

Во последните две години, овој тренд доживеа вистински бум. Странците не купуваат само куќи и станови, туку и хотели, барови, па дури и маслинови градини.

Многумина со години го поминуваат одморот тука, се вљубиле во Халкидики и решиле да имаат нешто свое. Но,  сега сè почесто влегуваат во туризмот.

Финансиските тешкотии на грчките домаќинства придонесоа за ова – Грците продаваат, а странците купуваат. Некои плаќаат многу повеќе од пазарната цена, само за да го добијат посакуваниот имот.

Но, грчките медиуми пишуваат и за друга страна на медалот – нелегално издавање преку „црн“ систем на AirBnB. Грчките власти се загрижени дека становите се издаваат под кирија без даноци и лиценци, што создава нелојална конкуренција за локалните бизниси, но исто така ги зголемува шансите за измама и избегнување на данокот за државата и општините.

Медиумите во Грција јавуваат и дека жителите на местата со имоти на странски државјани забележуваат дека во истите куќи и станови секое лето доаѓаат цели автобуси со гости од земјата на потекло од сопственикот. Сите редовно се претставуваат како роднини или блиски пријатели – и така сè изгледа како големо „семејно собирање“.

Стопанската комора на Халкидики веќе предупреди дека проблемот станува сè поголем и најавува мерки против ваквите појави.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ