Нови 20 хитови – Две вечери Фолк фест „Валандово“

Се е подготвено и на 26 и 27 мај ќе се одржи 39-тото издание на фолк фест „Валандово“. Ова беше речено на денешната прес конференција, на која беше претствено новото фестивалско раководство и деталите за двете вечери.

Првата вечер ќе биде предфестивалска и ќе се одржи на плоштадот во Валандово. Во првиот дел од вечерта ќе настапат неколку познати фолк изведувачи, додека во вториот дел концерт ќе има Влатко Миладиновски со оркестарот на Злато Миладиновски.

-Ќе бидат испеани песни што се веќе обнародени и ќе настапат шест пејачи. Ќе пее Блага Петреска, Мишко Кртсевски, Марјан Коцев, Елена Велевска, Кате „Соната“ и Кристијан Божиновски-Кико. Вториот дел е резервиран за Влатко Миладиноски, во моментов најголем фолк пејач. На главната фестивалска вечер во паузата за гласање концерт ќе има Ленче Кукиќ, рече извршниот директор Горјан Стојановски.

Што годинава ќе понуди „Валандово“, кој ќе настапи на сцената кажа уметничкиот директор Илчо Јованов.

-Оваа година одбрани се 20 песни. Критериумот е висок и од 58 ги одбравме најдобрите. Застапени се пејачи од различни генерации, осум машки, осум женски и две групи. Ќе настапат Софија Пуровска, Ивна Наумовса Кафанфилов, Благица Калева, Дејан Николовски-Чуле, Распеани Валандовчани, Горан Тодоровски, Стефн Илиќ, Благоја Груевски, Христијан Божинов-Кико, Ангела Винтовска, Гбриела Новевска, Драган Николовски, Анета Љумаковска и „Анета бенд“, Лени Партикова, Нино Величковски, Ивана Срафимовска, Мишко Крстевски, Горан Тодоровски, Василија Петрова, Смиља Митревска. Фестивлскиот оркестар ќе го води Дарко Илиевски, рече Јованов.

Градоначалникот на Валандово, Ѓоко Камчев рече дека ова издание на фолк фест „Валандово“ е генерална проба на она што ќе се случув догодина на 40-тото издание.

-Оваа година немавме многу време, но за догодина ќе биде нешто големо. Годинава има некои измени, како што е тоа што за прв пат фестивалот се организира во работни денови, вторник и среда. Ова е направено по иницијатива на учесниците, бидејќи голем дел од нив преку викендите се зафатени. Првата е предфестивалска вечер и ќе се одржи на плоштaдот, додека втoрата е фестивалска и стандардно ќе биде во Домот на културата.

Водители ќе бидат Ели Танасковска и Зоран Ѓоргиев. Директен пренос ќе врши МТВ.

Министеството з култура го помогна фестивалот со над 1.100 000 денари.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ