Ноќеска гореше возило на паркинг во Виница

Виничките пожарникари денеска во 03:41 часот гаснеа запалено „ауди“, кое било паркирано. Во ОВР Виница е пријавено дека на ул. „Димитар Влахов“ во Виница, настанал пожар на паркирано патничко возило „ауди“ со винички регистарски ознаки, паркирано од М.М.(35) од Виница.

„Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна едници Виница, а повредени лица нема“, соопшти СВР Штип.

По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Виница. Засега не се соопштуваат информации дали се работи за намерно запалено возило, по пример на неколку десетина случаи во источниот регион.

Фото: Архива

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ