„Обезбедете услови за да ги достигнеме критериумите за избор на универзитетски професори“ – проф. Стефов во „Стадион“

Предлог законот за високо образование е прв од ваков тип со многу виок критериум за избор на професори. Ова прес се’ се однесува за младите универзитетски кадри, е оценката на професорот Виктор Стефов од Факултетот за хемија. 

Предлог законот, што сега е предмет на јавна дебата и предизвика многу контроверзи во академската јавност, предвидува минимум објава на научни трудови од страна на еден припадник на универзитети како основа на повторување на изборот. Професор Стефов објаснува дека не е така едноставно да се објави научен труд во списание со влијаниеи при тоа кажа дека не е проблем плаќањето на објавувањето, бидејќи во повеќето списанија е бесплатно.

-Прво треба да најдеш проблематика што никој не ја работи и да го сработиш. Откако ќе го напишеш, треба да го испратиш да ти го рецензираат светски научници. А во кои услови работиме, тоа е одење по трње. И сето тоа да го направиш е многу тешко. Тие (МОН) наметнуваат критериуми, а не создаваат услови ние да ги оствариме тие критериуми. Најголем проблем според мене, не се критериумите, тоа е позитивни и треба да ги имаме може не до толку високи критериуми. Дајте услови да ги оствариме тие критериуми, рече проф.Стефов во „Стадион“.
Според него, многу високо е поставен ХА индексот, кој пропишува ако е ХА индексот е 15, тогаш  секој труд да се цитира најмалку 15 пати од научници.  

Во емисијата со професорите Дуев, Стефов, Алиу и Малчески, беше откриено и кои се авторите на предлог законот. Повеќе во видеото:

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ