Одземено е тримесечното бебе на мајката која го удираше од асфалт во Тетово

По случајот кога случајни минувачи во Тетово пријавија мајка, која го малтретираше и го удираше од асфалтот своето бебе, полициски службеници од СВР Тетово ја лишија од слобода В.М.(42) од Прилеп, со престој во Тетово. Потоа, во селото Сараќино, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишиле од слобода Б.С.(37) од истото село.

-Претходно, во 16:00 часот во СВР Тетово било пријавено дека околу 15:30 часот В.М. била забележана како физички го малтретира и удира во асфалт своето тримесечно бебе. Лицата што го забележале тоа, ѝ го одземале детето и го пријавиле случајот, соопшти МВР.

За настанот е известен социјален работник и инспектор за малолетници, а двете лица се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ