Група оштетени граѓани до Јавното обвинителство поднесе Кривична пријава против Зоран Витанов и засега непознати маркетери на „Мајворлд“ (MyWorld). Пријавата од грѓаните се однесува на основано сомнение за сторено продолжено кривично дело – измама.
Според приложените докази, во подолг временски период функционирал координиран и структуриран систем на прибирање средства од граѓани:
- спротивно на закон,
- на начин спротивен на официјалните компаниски насоки,
- спротивно на одредбите од етичкиот кодекс на компанијата.
Доказите – банкарски уплати, видео и аудио материјали и финансиски траги – според подносителите, укажуваат на континуирано и организирано дејствување на повеќе лица.
Во пријавата се доставени:
- документирани уплати од оштетени лица,
- бројни видео и аудио докази,
- финансиски траги што упатуваат на систематско прибирање средства,
- индиции за исплатени провизии,
- предложени сведочења од оштетени лица.
Според првичните анализи, постои основано сомнение дека од Република Македонија се одлеани девизни средства во износ од најмалку 120 милиони евра.
Пријавената штета само кај досега евидентираните оштетени лица го надминува прагот за највисоката временска казна предвидена во релевантниот член од Кривичниот законик за овој вид дело. Бројот на оштетени лица се брои во илјадници граѓани.
Постои основано сомнение дека значителен дел од средствата бил прелеан преку провизии кон пријавеното лице и поврзана група маркетери.
Со оглед на обемот на наводите и индициите за структурирано дејствување на повеќе лица, се остава на Јавното обвинителство да ја утврди точната правна квалификација, вклучително и евентуално постоење на здружување или други облици на организирано постапување.
Од обвинителството се бара разгледување на можноста за примена на привремени мерки за обезбедување имот, вклучително и замрзнување на имот на евентуално одговорните лица, со цел обезбедување средства за обештетување на оштетените граѓани.
Групата граѓани упати повик до сите лица кои сметаат дека се оштетени или располагаат со релевантни информации и докази да се приклучат кон иницијативата и да стапат во контакт преку електронска пошта: [email protected]
Од иницијтивт информират дека аАнонимноста и заштитата на личните податоци на пријавителите ќе бидат целосно почитувани, а ќе продолжат транспарентно да ја информира јавноста.





