Од вечер на полноќ ново големо поскапување на горивата! Ова се новите цени

Фото: Фрипик

Со Ослуката на РКЕ повторно поскапува дизел горивото, овој пат за 6,5 денари. Па така новата цена од полноќ ќе изнесува 92 денари за литар. За слична сума поскапуваат и бензините 95 и 98.

Погледнете ги новите цени:

Моторен бензин               ЕУРОСУПЕР БС – 95                             86,50  (денари/литар)

Моторен бензин               ЕУРОСУПЕР БС – 98                             88,50  (денари/литар)

Дизел гориво                 ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                        92,00  (денари/литар)

Масло за горење             Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                         89,50  (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                          47,453 (денари/килограм)

РКЕ им укажува на нафтените компании да ги намалат малопродажните цени за 2 денари по литар, согласно договорениот попуст од страна на Владата со главниот добавувач ОКТА, со што ќе овозможат бенефитот од ова намалување директно да го почувствуваат граѓаните.

-Максималните малопродажни цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 7,00 ден/лит. Максималната малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 6,50 ден/лит.Максималната малопродажна цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 4,867 ден/кги сега ќе изнесува 47,453 ден/кг. Со оваа одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 8,98% во однос на одлуката од 9.3.2026 година, цените на нафтените деривати остануваат најниски во регионот и Европа, информират од РКЕ.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ