Од Изреал 11 македонски државјани побарале евакуација, воздушниот простор останува затворен до понеделник

Иранските рекети погодија цели целиот регион, бклучително и во Дубаи, ОАЕ, меѓутоа, од македонската заедница, која живее таму, нема барање за евакуација. Но, затоа, по утринскиот напад, 11 наши државјани од Тел Авив, Израел побарал помош за извлекување од нашите дипломатски претставништва.

„Согласно последните информации, воздушниот простор останува затворен најмалку до понеделник. По неговото повторно отворање ќе бидат разгледани можностите и моделите за организирање евентуална евакуација, во согласност со околностите и безбедносната состојба. Во оваа фаза, препораката до нашите државјани е внимателно да ги следат официјалните известувања на израелските власти, да постапуваат согласно безбедносните протоколи и да останат во засолништа кога тоа е наложено“, пишува во соопштението од МНР.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека во рамки на институцијата е формиран кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата и е достапен 24 часа дневно за сите потреби поврзани со помош, поддршка и асистенција на македонските државјани.

Министерството апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја внимателно да ги следат официјалните известувања на надлежните институции и строго да постапуваат согласно безбедносните протоколи. Воедно, се препорачува одложување на сите ненeопходни патувања кон земјите од овој регион сè до подобрување на безбедносната состојба.

Во текот на денот, МНР објави телефонски броеви, каде македонските државјани ќе може да се обратат за помош.

Во врска со актуелната безбедносна состојба во регионот, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ги информира македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Државата Катар, Обединетите Арапски Емирати, Државата Кувајт и Кралството Бахреин внимателно да ги следат официјалните информации и да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции на земјите домаќини.

Ги потсетуваме нашите државјани дека во случај на потреба од помош или дополнителни информации можат да се обратат на следните контакти:

📍Амбасада на Република Северна Македонија во Доха

Тел: +974 50 173 111

Е-пошта: [email protected]

📍Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби

Тел: +971 56 441 7532

Е-пошта: [email protected]

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

Тел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736

Е-пошта: [email protected]

По утринските настани, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски преку социјалната мрежа Х изрази поддршка за коалицијата САД – Израел.

„Стоиме со нашите американски сојузници во соочувањето со заканите кои ја поткопуваат стабилноста на Блискиот Исток. Соединетите Американски Држави јасно укажаа дека дипломатијата е секогаш прва опција, но дека одвраќањето останува неопходно кога постојат кредибилни ризици“, напиша Муцунски.

Портпаролот на иранските вооружени сили, Аболфазл Шекарчи, денес изјави дека Иран ќе им одржи лекција на Соединетите Американски Држави и Израел „каква што никогаш не ја доживеале во историјата“. Министерството за одбрана на Обединетите Арапски Емирати денес објави дека пресретнало нов бран ирански ракети кои биле насочени кон ОАЕ. Исто така, во Дубаи, експлозии се слушнале во неколку делови од градот, а според првичните информации, можно е тие да биле предизвикани од пресретнати ракети.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА