Малопродажните цени на бензините евросупер БС-95 и евросупер БС-98 од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина денар, а на евродизелот (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за еден денар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ).
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува за 0,637 ден/кг и сега ќе изнесува 34,520 ден/кг.
Од поноќ бензинот евросупер БС – 95 ќе се продава по 73,50 денари/литар, евросупер БС – 98 75,50 денари/литар, Дизел горивото 69,00 денари/литар, масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 денари/литар, и мазутот 34,520 (денари/килограм).
Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати и оти трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.





