Од понеделник почнува враќањето на предметите на загинатите во пожарот во Кочани

По речиси една одгина од пожарот во дисотеката „Пулс“ во Кочани, семејствата ќе може да ги добијат предметите кои им припаѓале на загинатите. Се работи за мобилни телефони, паричници, накит, часовници, ташни, облека и обувки.

СВР Штип соопшти дека во периодот од 02.03.2026 година (понеделник) до 06.03.2026 година (петок), од 09:00 до 18:00 часот, треба да се обратат во просториите на Одделение за внатрешни работи Кочани, лоцирано на ул. „Тодосија Паунов“ бр. 12, Кочани.

-Целта е враќање на личните предмети пронајдени на местото на настанот за време на увидот, кои припаѓаат на повредените и починатите лица. Враќањето на истите ќе се изврши по претходна идентификација од страна на сопствениците или блиски членови на семејствата на починатите, соопшти СВР Штип.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ