Од срцето на Македонија до улиците на Гетеборг! Andra Generationen ја испеаја „Заиграле мамо девојчиња“ ​

Фото: Фејсбук

​Легендарниот бенд Andra Generationen ја претстави својата најнова музичка експлозија!

Овој пат, во наш препознатлив стил, ја преработивме безвременската македонска народна песна „Заиграле мамо девојчиња“. ​Ова не е само обична преработка. Ова е спој на традицијата и модерната балканска енергија што само Andra Generationen знаат да ја приредат. ​ Стара македонска песна облечена во ново, енергично руво. ​ Совршен микс на звуци што ги поврзува генерациите. ​ Песна која ве кани на оро, без разлика каде се наоѓате! ​Сакавме да му оддадеме почит на нашето потекло и на македонската музичка ризница, но на наш начин – со многу енергија и звук што ќе ги крене сите на нозе, велат члновите на групата, кои живеат, работат и пет во Шведска.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ