Вчерашното драматично распламтување на пожарот во штипско Кадидере, кој претходната ноќ беше ставен под контрола, како што соопшти Секторот за внатрешни работи, резултираше со еден повреден човек и две опожарени викендички.
-На 11.06.2026 во 14:25 часот во СВР Штип било пријавено дека настанал пожар на ридот над градските гробишта во населба Кадидере во Штип. Од пожарот биле зафатени две викенд куќи, а поради повреди и вдишување чад во Клиничка болница Штип бил пренесен сопственикот на едната викенд куќа, Д.М.(69) од Штип за укажување помош, соопшти СВР Штип.
Во гаснењето на пожарот учествуваше и еден хеликоптер од Дирекцијата за заштита и спасување, додека пожарот е локализиран доцна попладнето од страна на екипи на Територијалните противпожарни единици од Штип, со помош од Пробиштип, Свети Николе, Кочани, Конче и Кавадарци.





