Иако Владата има отворен пови преку целата година за изградба на домови за стари, во моментов само две општини побарале средства да изградат ваков капацитет на својата територија. Овој податок што го изнесе министерот Фатмир Лимани изгледа нереално во ситуација кога населението забрзано старее, а сите градоначалници во своите изборни програми планираат изградба на домови за згрижување на стари лица. Но, не само на овој владин јавен повик за изградба на детски градинки и домови за стари лица, општините можеа наменски да ги искористат парите од унгарскиот кредит, за што беа издвоени 224 милиони евра. Парите главно отидоа за улици, патишта, мостови, канализации.
-Имаше отворен повик и со програмата со унгарскиот кредит. Тука требаше да конкурираат и со детски градинки и со старски домови. Значи, не е до нас. Тоа е до општините, до нивните барања што поднесуваат. Ние не знаеме кои се потребите на општините. Тие знаат подобро, ние сме тука да ги имплементираме, да ги реализираме, да ги финансираме нивните проекти. Тоа што тие го бараат преку проекти, ние тоа и го реализираме, изјави Лимани, министер за социјална политика, демографија и млади.
Министерот апелираше до сите градоначалници да направат проекти за да им се овозможи како министерства да изградат капацитети за потребите што ги имаат. Лимани потсети на лошата демографска слика.
-Знаеме дека популацијата во Македонија ни старее. Знаеме и се соочуваме со проблемот. Сите млади деца ни бегаат, ја оставаат нашата земја. Се обидуваме да ги вметнеме, да ги правиме дел сите тие млади да бидат дел од изградба на сите тие политики да имплементираме со единствена цел да останат младите тука“, изјави Лимани.
Во таа насока е уште еден проект за изградба на 19 нови детски градинки, што би ги намалило листите на чекање. Како што најави Лимани, идната недела се очекува отворање на девет нови гради






