Основниот суд од Штип и судечкиот совет со кој претседаваше судијата Сашко Георгиев го осуди на казна затвор од пет ипол години затвор П.С. од Охрид за кривичното дело „Измама“ од чл. 247 ст. 4 в.в. со чл. 45 од Кривичниот законик.
Измамникот е осуден за продолженото кривично дело, кое е сторено кон осум оштетени граѓани од Штип и Виница во периодот на јануари годинава, на начин што телефонски се јавувал на лица од постара возраст и им прикажувал лани факти. При тоа, ги довел во заблуда кажувајќи им дека нивната ќерка има скршеница на нога и дека е потребна итна операција. За операцијата им велел дека се потребни пари што треба да му ги дадат. На овој начин, сега осудениот на овие осум луѓе, кои му поверувале во приказните, им направил штета од околу 56.000 евра или вкупно 3.472.906 денари, соопшти Судот.
Притворот на П.С. е продолжен до правосилноста на пресудата.







