Паднал од зграда во окно од лифт – Познатиот охридски уметник Кристијан Љушев го загуби животот

Фото: Охридпрес

Познатиот охридски фотограф и креативен уметник Кристијан Љушев е младиот охриѓанец кој вчера го загубил животот откако паднал од зграда во Охрид, пишува ohridpress.com.mk.

СВР Охрид се уште нема официјална информација за несреќата, но нефоцијално, како што пренесува сајтот, Љушев настрадал кога паднал од петиот кат во окно од лифт во здграда во изградба. По несреќата бил однесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, каде биле направени обиди за негова реанимација, но биле неуспешни.

Според Охридпрес Кристијан е познат по својата работа во „Шпанец“ продукција и уживал углед помеѓу колегите, како вреден, талентиран и исполнителен професионалец, кој има работено на бројни проекти, документарни емисии, видео спотови и останати материјали.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ