Падна бугарската влада, Желјазков си поднесе оставка!

Фотго: Видео пронтсрин

По масовните протести и притисок на јавноста падна Владата во Бугарија!

Владата на премиерот Росен Жељазков поднесе оставка, објави репортерот на БГНЕС.

„Во овој момент, моќта произлегува гласот на народот. Како што постојано наведуваме, го слушаме гласот на граѓаните кои протестираат. Затоа, мора да ги исполниме нивните барања – оставка на владата. Граѓанската енергија мора да се охрабри, бидејќи светот се соочува со многу предизвици и ние мора да ги зачуваме достигнувањата на демократијата, за кои се боревме во текот на овие децении“, рече премиерот Жељазков.

„Даваме оставка“, рече премиерот.

Според бугарските медиуми ова се најголемите протести во Бугарија во последните две децении и дек Генрацијата З им го возвраќа ударот.

Претходните гласања за недоверба на владата, сите неуспешни, беа поради неуспех во политиката за животна средина, неуспех во надворешната политика, борбата против корупцијата и фискалната политика, информира БГНЕС

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ