Паметен паркинг систем со сензори за детекција на слободни места – Ќе се расчисти хаосот на Клиника

Со одлуката на Владата, донесена во вторникот, се овозможи конечно решавање на деценискиот проблем со паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза”, рече денеска министерот за здравство Азир Алиу.

Се создаде правна основа за потпишување договор со Градот Скопје. Договорот ќе биде склучен на 15 години, со закупнина во висина од 10 отсто од вкупно остварениот промет, а Градот Скопје ќе почне со проектирање и изградба на катни гаражи и инфраструктурно уредување.

Според Алиу, проектот ќе предвидува комплетен мониторинг на паркирањето и дигитален водич за граѓаните, хортикултурно уредување на просторот, паметен паркинг систем со сензори за детекција на слободни паркинг места, мобилна апликација, поврзување со фискален систем,…

-Времето на одложување на проблемите заврши, ова е нова култура – на одговорност. Нашата визија е здравството да функционира и во логистиката, а денес го правиме токму тоа. Со години илајдници луѓе лекувањето го почнуваа со нервоза и неизвесност. Пациентите заслужуваат ред, достоинство и функционален систем, истакна Алиу на прес – конференција.

Со оваа владина одлука, подвлече министерот, се решава деценискиот проблем со паркирањето на Клиничкит центар „Мајка Тереза“.

-Ова го најавивме како еден од приротетите на Министерството за здарвство. Со последната владина одлука, донесена во вторникот, прашањето со паркингот добива јасна институционална рамка и се отвора патот за негово трајно решавање, рече Алиу.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ