Перински на чело на скопскиот комитет, за другите општински на оглас ќе се бираат новите претседатели

На синоќешната, прва седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беа донесени повеќе кадровски одлуки за избор на повеќе претседатели на партиски комисии. Како што соопштија од партијата по седницата, Сашо Клековски, кој го заврши својот мандат како член на Извршниот комитет, ќе ја води партиската Комисија за здравство.

Актуелниот министер за внатрешни работи Панче Тошковски е претседател на комисија за безбедност, додека нов Претседател на комисијата за туризам е Аккан Махмут, кој е актуелен член на Управниот одбор на Стопанската комора Македонија – Турција. Досегашниот партиски кадровик Благоја Ташаминов и натаму ќе ја води Кадровската комисија.  

Синоќа Извршниот комитет го избра актуелниот министер за локална самоуправа Златко Перински да го води Градскиот комитет на Скопје, додека за партиските комитети низ државата одлучи да распише огласи за избор на нови претседатели. Ќе бидат распишани и огласи за претседатели на партиските тела – Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата на ветерани.

Минатата недела ВМРО ДПМНЕ го избра Извршниот комитет со 29 членови. За разлика од до сега, укинати се потпретседателските места.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ