Петрушевски: Синдикални пари за луксуз во странство, Деаноски од УПОЗ потрошил над 60 илјади евра во Црна Гора за спортски игри

Додека јавно зборува за ниски примања, сиромаштија и потреба од повисоки плати за работниците, претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, организирал четиридневни спортски игри во луксузен туристички комплекс во Чањ, Црна Гора, трошејќи повеќе од 60.000 евра од синдикалните членарини, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, што Канал 77 ја пренесува интегрално.

Наместо настанот да се организира во некој од домашните туристички центри Деаноски одлучил парите на членовите на синдикатот да завршат во странство, во атрактивна туристичка дестинација на Јадранот.

Со години, синдикалните претставници се претставуваат како заштитници на работниците и гласни критичари за економската состојба во државата. Но, зад таа реторика, раководството на УПОЗ, предводено од Деаноски, очигледно немало проблем да троши огромни суми за луксуз, патувања и спортски настани надвор од Македонија.

Особено загрижува фактот што станува збор за средства обезбедени од чланарините на синдикалците, луѓе кои секој месец издвојуваат дел од својата плата со очекување тие пари да служат за заштита на нивните права, а не за раскошни патувања и туристички аранжмани.

Ова е уште еден доказ за двојните стандарди на дел од синдикалното раководство на ССМ, едно зборуваат пред јавноста, а сосема поинаку се однесуваат кога располагаат со парите на своите членови.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ