Петрушевски: Целиот разузнавачки систем бил ставен во функција против Мицкоски

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на прес-конференција обвини дека целиот разузнавачки систем во земјава бил ставен во функција против лидерот на партијата Христијан Мицкоски, со цел, како што рече, задржување на СДСМ на власт.

„Пет години претседателот Мицкоски бил таргет на АНБ и АР, бил следен и прислушкуван, и секој негов чекор бил документиран,“ се наведува во соопштението.

Петрушевски посочи дека службите за безбедност и разузнавање биле „целосно злоупотребени“, а наместо извинување, СДСМ продолжувале „да сеат магла“.

„Злоупотребени се АНБ и АР, но и Јавното обвинителство, кое преку Љупчо Коцевски ги следело мерките. Не е чудо што народот има само 2% доверба во судството и обвинителството, кога токму тие институции биле дел од системот за следење и прислушкување на политички противници наместо да работат во служба на граѓаните,“ рече Петрушевски.

Тој нагласи дека за наводното прислушкување и следење мора да има одговорност и предупреди дека „овој случај не смее да помине неказнет, за никогаш повеќе да не се повтори“.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ