Пиел па се заборавил! Штипјанец со „ауди“ и со 3,02 промили алкохол предизвикал сообраќајка

Штипјанец со „ауди“ предизвикл сообраќајка, притоа е константирно дека пред да седне зад воланот пиел па се заборвил.

-На 07.10.2025 во 21:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Р.Ѓ.(58) од Штип. Претходно, околу 21:10 часот на крстосница од ул.„Борис Крајгер“ со ул.„Џемал Бједиќ“ во Штип со патничкото возило „ауди“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во патничко возило „сеат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 21-годишната А.П. од Штип. Додека, при преземање мерки во врска со незгодата констатирано е дека тој е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,02 промили алкохол во крвта, информираат од СВР Штип.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ