Неофицијално, три лица се починати и повеќе повредени патници на комбе кое изутрината околу 8 часот излетало од од мостот на Балатилиска Река на експресниот пат Штип-Радовиш и завршило на стариот пат. Комбето, како што јавува МИА превезувало работници.
Од СВР Штип ни кажаа дека нивни увидни екипи се на терен, каде се наоѓаат и обвинител и екипи на Итната помош, кои од утринава превезуваат повредени до Клиничката болница во Штип. Но, повеќе информации засега не соопштуваат.





