Повторно е активиран пожарот во Никуштак, екипите на терен

Пожарот кој беше активен минатата недела во липковското село Никуштак повторно е активиран, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи.

– Повторно има пожар. Екипите на кумановската подружница на „Македонски шуми“ се на терен, потврди заменик-директорот на претпријатието, Кире Михаилов.

Минатата недела речиси постојано имаше пожар на оваа локација. Беше зафатена нискостеблеста, деградирана, но и дабова шума на тешко пристапен терен.

Во гасењето на пожарот покрај екипи на „Национални шуми“ беа вклучени и хеликоптер и авиони кои интервенираа  од воздух.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ