Комунален работник од Дебреше, Гостивар, вработен во во ЈП „Комуналец” Гостивар, го изгубил животот, додека заедно со колегите го чистел каналот кај тетовското село Горно Јеловце. Тетовската полиција информира дека кај нив вчера во 12:47 часот е пријавено дека во канал за вода има починато лице.
-Според пријавеното, Н.М.(64), со колеги дошол на местото да го исчистат каналот на местото каде што имало канали за прибирање на проточни води, при што се заглавил во еден од каналите. Откако бил извлечен од екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, соопшти СВР Тетово.
На местото на настанот излегол и трудов инспектор, а увид на местото извршиле екипа од ОВР Гостивар и Јавен обвинител и по негова наредба телото на починатиот е дадено на обдукција.





