Полициска акција во Берово, Делчево и Пехчево –директор во ЈП „Национални шуми“ и актуелен началник во полицијата меѓу уапсените

Фото: МВР

Од синоќа се спроведува и се’ уште трае голема полициска акција на подрачјето на Берово, Пехчево и Делчево, се работи за разбивање на организирана криминална група, јавува Курир. Се работи за група која со години наназад вршела нелегална сеча на шуми, злоупотреба на службена положба, примање и давање поткуп, како и други тешки дела против животната средина.

Неофицијално, меѓу приведените се и актуелен директор на ЈП „Национални шуми“ и актуелен началник во полицијата, како и повеќе полициски службени лица, шумски полицајци, службено лице од подрачна единица на министерство за земјоделие како и сопственици на правни субјекти. Тие се сомничат дека систематски организирале нелегална сеча и транспорт на дрвна маса, која потоа преку коруптивни врски ја пласирале како легално исечена.

Повеќе детали се очекува во текот на денот.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ