Полицијата по полноќ откри 26 малолетници, од кои 14 пијани во диско во Свети Николе

Фото: МВР

Вчера, во 10 минути по полноќ полициски службеници од СВР Штип – ОВР Свети Николе, во содејство со инспектори од Дирекција за заштита и спасување, Државен пазарен инспекторат, Управа за јавни приходи, Државен трудов инспекторат и Центар за социјални работи, извршија контрола во угостителски објект во Свети Николе.

-При контролата, во угостителскиот објект се затекнати 26 малолетни лица после 24:00 часот, од кои 14 беа под дејство на алкохол. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави против одговорните лица. Воедно, од другите ангажирани инспекциски служби утврдени се низа прекршоци за кои ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ